• четврток, 16 мај 2024

Џафери во посета на Општина Липково

Џафери во посета на Општина Липково

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Липково. Тој во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата, информираат од владината прес-служба.

Во 10:30 часот, Џафери ќе присуствува на настан за реконструираниот локален пат во селото Липково.

За во 11:00 часот, предвидено е премиерот да го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала. ир/са/


Фото: МИА архива

Остани поврзан