• недела, 22 декември 2024

Џаишанкар: Светските институции страдаат од недостиг на доверба

Џаишанкар: Светските институции страдаат од недостиг на доверба

Њу Делхи, 5 мај 2023 (МИА) – Индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар на средбата на Шангајската организација за соработка (СЦО) упати критика кон светските институции за нивниот одговор на ковид пандемијата и неспособноста за справување со геополитичките катаклизми.

- Кризните ситуации го покажаа недостатокот на доверба во способноста на светските институции брзо и ефикасно да се справат со проблемите. СЦО има повеќе од 40 отсто од светското население, нашите одлуки си сигурно ќе одекнат на глобално ниво, посочи Џаишанкар.

Тој не ја спомена војната во Украина. Според аналитичарите најверојатно на форумот во Индија нема да биде осудена руската инвазија врз Украина.

Џаишанкар исто така ја истакна потребата од справување со тероризмот, истакнувајќи ја загриженоста на СЦО за Авганистан, по доаѓањето на талибанците на власт.

- Мора да се запре трансграничниот тероризам, посочи Џаишанкар алудирајќи на големиот индиски ривал – Пакистан.

Шефот на пакистанската дипломатија Билавал Буто Зардари во својот поздравен говор на форумот истакна да не се користи тероризмот за освојуваме дипломатски поени. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан