• сабота, 15 јуни 2024

Ќатип Османи нов тренер на шампионот Струга

Ќатип Османи нов тренер на шампионот Струга

 

Струга, 29 мај 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга го назначи денеска 54-годишниот стратег Ќатип Османи за нов тренер.

Трофејниот македонски тренер седнува на клупата на Струга по крајот на сезоната во која тимот ја одбрани шампионската титула и втора сезона по ред ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампиони.

Османи попладнево беше претставен на должноста заедно со неговиот помошник Бесник Ливорека.

Во својата тренерска кариера Османи беше предводник на тетовска Шкендија, со која три пати ја освојуваше македонската титула, како и на Ренова, Шкупи и албанска Влазнија. ег ФОТО: ФК Струга/Фејсбук

Остани поврзан