• среда, 10 јули 2024

Њукасл го промовира Тонали

Њукасл го промовира Тонали

Њукасл, 3 јули 2023 (МИА) – Премиерлигашот Њукасл денес го промовира своето засилување, играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали.

 

Договорот на 23-годишниот Италијанец со англискиот клуб е со важност до летото 2028 година.

 

Претходно беше објавено дека Милан ќе добие 70 милиони евра и бонуси од продажбата на Тонали.

 

Фудбалерот од средниот ред е во редовите на Росонерите од септември 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна два гола и 10 асистенции на 48 натпревари за тимот во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан