Аморим: Требаше да го напуштиме Лион со предност
- Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2-2 со Лион во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа меѓу двата тима.

Лион, 11 април 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2-2 со Лион во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа меѓу двата тима.
-Беше интересен натпревар. Имавме проблеми во првото полувреме со обидите за пресинг бидејќи Лион игра поинаку. Во средината на првото полувреме и во второто полувреме веќе ја презедовме контролата на натпреварот. Се обидов да им објаснам на играчите каков е стилот на игра на Лион. Се обидовме со нешто поинаку. Разочарани сме што примивме доцен гол. Требаше да си заминеме со предност. Сепак, сега сме домаќини во реваншот и ќе се обидеме да победиме на свој терен, изјави Рубен Аморим.
Португалецот застана во одбрана на голманот Андре Онана, кој беше предмет на негативни коментари поради неговите неконстантни настапи.
-Мораме да размислуваме за следниот натпревар во првенството, а потоа и за реваншот со Лион. Кога еден играч ќе погреши, тоа е вина на целиот тим. Затоа гледаме напред, додаде Аморим. дс
Фото: Архива