• среда, 26 јуни 2024

Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“

Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) – Управниот суд на Република Северна Македонија попладне во 17:30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата „Вреди“ за Парламентарните избори 2024 година. Тужбата, според информации на МИА, се однесува на одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето во долна Бањица, гостиварско. 

- Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 16.05.2024 година со почеток во 17:30 часот во судница бр.1, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП.бр.86/2024, оформен по поднесената тужба од Коалицијата Влен на Парламентарните избори 2024 година, против Решение бр.УП1 бр.10-14 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, стои во соопштението на веб страницата на Управен суд. 

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но, исто така, утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај. 

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево. ар/лв/

 

 

Остани поврзан