• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот на Општина Кисела Вода на средба со амбасадорот Франческо Саверио Џуисти

Градоначалникот на Општина Кисела Вода на средба со амбасадорот Франческо Саверио Џуисти

Скопје, 9 февруари 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со Амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н.Е.Франческо Саверио Џуисти.

На средбата тој му ја презентираше личната карта на Општина Кисела Вода низ призмата на досега реализираните и планираните проекти од неговата програма. Запознавањето со потенцијалите на Кисела Вода и дискусијата отворија повеќе можности за соработка. Како што потенцираа соговорниците, од голема важност е градењето на блиски релации преку конкретни заеднички активности во интерес на граѓаните.

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан