• недела, 22 декември 2024

Ѓоковиќ го победи Хуркач но не е сигурен учесник во полуфиналето во Торино

Ѓоковиќ го победи Хуркач но не е сигурен учесник во полуфиналето во Торино

Торино, 16 ноември 2023 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Полјакот Хуберт Хуркач во мечот од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1.

Триесет и шестгодишниот Србин е на второто место во Зелената група. Хуркач е претпоследен. Ѓоковиќ ќе го чека епилогот од вечерашниот меч меѓу Јаник Синир и Холгер Руне за да знае дали ќе игра во полуфиналето.

Претходно беше објавено дека Италијанецот Јаник Синер прв од оваа група се пласира во плејофот на турнирот.

Награден фонд на турнирот изнесува 15 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан