Шумски пожар на грчкиот остров Родос
- Шумски пожар е активен во близина на селото Марица во северниот дел на грчкиот остров Родос, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во непосредна близина на пожарот да бидат во состојба на готовност и да ги следат упатствата на властите, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 септември 2024 (МИА) – Шумски пожар е активен во близина на селото Марица во северниот дел на грчкиот остров Родос, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во непосредна близина на пожарот да бидат во состојба на готовност и да ги следат упатствата на властите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според противпожарната служба на Грција, во пожарот интервенираат 60 пожарникари со два пешадиски тима и 20 возила, три авиони и три хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Надлежниот префект и општина Родос преку социјалните мрежи соопштија дека побарана е помош со дополнителни противпожарни сили од Крит, Самос и Атина.
Селото Марица е популарна туристичка дестинација и се наоѓа на нешто помалку од 20 километри од градот Родос. ср/сд/