Штипјанецот Пане Кукушев промовираше две книги
- „Религиски симболи и мотиви на современате банкноти и кованици“ и „Воени валути, банкноти, сертификати и преодни платежни средства во 20 век" се двете книги кои денеска ги промовираше штипјанецот, Пане Кукушев во Националната установа Библиотека ,,Гоце Делчев" Штип.

Штип, 14 април 2025 (МИА) - „Религиски симболи и мотиви на современате банкноти и кованици“ и „Воени валути, банкноти, сертификати и преодни платежни средства во 20 век" се двете книги кои денеска ги промовираше штипјанецот, Пане Кукушев во Националната установа Библиотека ,,Гоце Делчев" Штип. Станува збор за книги на теми кои се поврзани со неговата професија и пасија собирање на монети.
- Идеите многу лесно дојдоа, седејќи во карантин во корона, ми дојдоа идеи и мотиви да створам нешто. Тоа беше да ги лоцирам сите банкноти кои имаат религиски симболи или мотиви како основен мотив или заштитен знак. Тоа бараше длабоко истражување, успеав да лоцирам на 100 земји. Покрај описот, се обидувам да дадам и друг момент, а тоа е моментот на прикажување на значајната личност објект или симбол на самата монета, вели Кукушев.
И втората книга воени валути, банкноти, сертификати и преодни платежни средства, авторот Кукушев имал потреба да ја напише, бидејќи имал војничко образование. Истата како што вели тој преставувала голем предизвик дури ја напишал целата.
На промоцијата што беше одржана во штипската библиотека „Гоце Делчев“, присуствуваа роднини и пријатели на авторот. вдј/дма/
Фото: МИА