Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче
- СООПШТЕНИЕ: По стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија. Кога мислевме дека од Заев нема полошо, Филипче е тука да не демантира и да ни покаже зошто мора да се поразат овие квази политичари кои ја мразат сопствената држава и ги распродаваат националните интереси и не смее да се дозволи да помислат дека некој ќе им даде нова шанса да ги повторат предавствата.
Скопје, 10 јуни 2025
По стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија.
Кога мислевме дека од Заев нема полошо, Филипче е тука да не демантира и да ни покаже зошто мора да се поразат овие квази политичари кои ја мразат сопствената држава и ги распродаваат националните интереси и не смее да се дозволи да помислат дека некој ќе им даде нова шанса да ги повторат предавствата.
И сето ова се случува од Грција, од каде фирмата која му го купи џипот на Венко Филипче купуваше јаглен.
Џип и фирма за кои Филипче со денови молчи и не дава одговори – како и зошто му купиле џип, и како и зошто 9 милиони завршиле на сметка на фирма на Заеви во Бугарија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива