• четврток, 27 јуни 2024

Штипските такси-компании од утре ја зголемуваат стартната цена за 10 денари

Штипските такси-компании од утре ја зголемуваат стартната цена за 10 денари

Штип, 10 март 2022 (МИА) - Такси превозот од утре во Штип ќе е поскап за 10 денари. Наместо стартните 70, сега граѓаните само што ќе влезат во такси возило до најблиската локација ќе треба да платат 80 денари. Оваа одлука ја донеле денеска сите такси компании во Штип, кои се обединети под едно здружение.

Претседателот на штипските такси превозници, Глигор Арсов истакна дека одлуката е донесена поради секојдневното вртоглаво растење на цената на нафтените деривати, но и на сите останати трошоци кои ги имаат.

-Стартната цена од утре ја зголемуваме од 70 на 80 денари, доколку нешто не се промени и ние ќе одеме и ние ден за ден или корекција на цената ќе правиме секоја недела. Ако цената на дериватите се зголемува и ние ќе ја зголемуваме, доколку се малат и ние ќе ја намалуваме центата, посочи Арсов.

Додаде дека барањето кое го имаат доставено до Општина Штип за зголемување на  стартната цена, сега ќе го корегираат. Инаку МИА вчера информираше дека во изминатите две недели низ државата се затвориле двесеттина такси компании, а Асоцијата побара решавање на проблемот со дивите такси превозници. Трошоците на такси компаниите се зголемени за 45 проценти.вдј/бт/ 

Остани поврзан