• четврток, 27 јуни 2024

Штипските пожарникари ова лето имале околу сто интервенции на отворено

Штипските пожарникари ова лето имале околу сто интервенции на отворено

Штип, 16 септември 2023 (МИА) - Петпати повеќе интервенции се регистрирани ова лето во општините Штип и Карбинци за разлика од лани. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека пожарникарите речиси 100 пати интервенирале на пожари на отворено. 

Според него, ова лето бројот на пожари е рекорден, а со тоа и бројот на интервенции на штипските пожарникари.

-Ова лето бројот на интервенции беше зголемен за пет пати повеќе за разлика од претходните периоди, ова лето имаме рекордни пожари, од кои некаде околу 90 до 100 пожари имавме на отворен простор, изјави Коцев.

Тој истакна  дека со намалување на дневните температури се намалува и бројот на пожари, но тоа, како што вели, не значи дека е намален и обемот на работа. Додаде дека се интервенира и во сообраќајни несреќи, повици од страна на граѓаните и слично.

-Периодов има уште интервенции, не се како во летниот период, сега се во помал број, но сепак интервенции имаме секојдневно, додаде Коцев.

Тој истакна дека дел од интервенциите се реализирани и како помош на останатите општини кои имале потреба од тоа. Во оваа прилика апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да не палат оган на отворено, со цел да не се појавуваат пожари на отворено кои може да остават огромни последици и материјални штети. Дополнително апел упати и до земјоделците да не ги палат стрништата. вдј/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан