• петок, 22 ноември 2024

Спасен англиски тирист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро (ДПЛ)

Спасен англиски тирист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро (ДПЛ)

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Спасено е лицето, кое попладнево паднало од карпа во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Лицето се здобило со  телесни повреди, а по преземените мерки констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија.

Случајот, како што информира МВР, бил пријавен во СВР Охрид денеска во 12: 35 часот. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

- Лекар од итна медицинска помош кај него констатирал телесни повреди, по што со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот со медицинско возило е пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се вели во соопштението од МВР. 

Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112. Поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира и во акцијата се вклучиле пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан