• среда, 15 мај 2024

Штипскиот градоначалник на средба со млади талентирани спортисти

Штипскиот градоначалник на средба со млади талентирани спортисти

Штип, 13 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска оставри средба со млади талентирани спортисти од Карате клубот-Штип и Клубот „Осенсеи“.

-Спортот е најдобриот пат младите да ги достигнат своите цели и остварат своите сништа,а воедно преку своите успеси да бидат амбасадори на нашата општина. Денес гости на градоначалникот беа млади талентирани спортисти од Карате клубот Штип и џиу џицу „Осенсеи" кои изминатиот период постигнаа значителни резултати на домашни и меѓународни натпревари, се вели во писменото соопштение од кабинетот на градоначалникот Јорданов.

Во него се наведува и дека градоначалникот Јорданов на овие млади спортисти им порача дека како локалната самоуправа ќе им биде поддршка на патот кон остварување на големи достигнувања во иднина. вдј/дма/

 

Фото:Општина Штип

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан