Шредер нов кошаркар на Бостон
- Германскиот кошаркар Денис Шредер во новата сезона ќе го носи дресот на Селтикс, објави клубот од Бостон.

Бостон, 14 август 2021 (МИА) – Германскиот кошаркар Денис Шредер во новата сезона ќе го носи дресот на Селтикс, објави клубот од Бостон.
Дваесет и седумгодишниот Германец им се приклучи на Селтикс како слободен играч.
Шредер претходно играше за Лос Анџелес лејкерс. Во сезоната 2020/21, тој имаше просек од 15,4 поени, 3,5 скокови и 5,8 асистенции по натпревар. зс/