Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите
- Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата.

Мадрид, 27 ноември 2024 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата.
Санчез изјави дека со овој пакет ќе се забрза враќањето во нормала, со фокус на граѓаните и производниот сектор.
Со ова, вкупната помош на шпанската влада за погодените региони ќе достигне 16,5 милијарди евра. ссм/
фото: архива