• недела, 28 април 2024

Шолц против испраќање ракети „таурус“ во Украина доколку тоа вклучува учество на германски војници

Шолц против испраќање ракети „таурус“ во Украина доколку тоа вклучува учество на германски војници

Берлин, 4 март 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста за вооружување на Украина со проектили со долг дострел „таурус“, доколку германските војници мора да бидат вклучени во употребата на тие ракети.

„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц.

Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.

„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.

Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети „таурус“ во Украина, плашејќи се од директна конфронтација со Русија.

Сепак, за ова прашање повторно се разговараше откако руските медиуми објавија 38-минутно видео од разговор во кој германските офицери наводно разговарале за техничките можности на крстаречката ракета „таурус“ и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат Кримскиот мост. паг/

Фото: МИА архива

 



 
 

 

 
 

Остани поврзан