• недела, 16 јуни 2024

Шкупи ја победи Шкендија, Струга со пресврт до бодовите во Кавадарци

Шкупи ја победи Шкендија, Струга со пресврт до бодовите во Кавадарци

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) – Во дерби натпреварот од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкупи попладнево ја победи Шкендија со 1:0.

Победоносниот гол на Чаир го постигна Кристијан Трапановски во 38. минута.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум до трите бода во Кавадарци дојде со голем превсрт, откако домаќините по 15-ина минути игра поведоа со 2:0.

Во ова коло деби победа на клупата на Работнички забележа тренерот Гоце Седлоски.

Резултати на денешните средби од ПМФЛ:

Брегалница – Воска Спорт 2:2
Работнички – АП Брера Струмица 1:0
Шкупи – Шкендија 1:0
Силекс – Гостивар 1:1
Тиквеш – Струга ТЛ 2:3.

Вчера, Македонија ЃП – Вардар 0:1.

Табела: Шкупи 35 бода, Струга 33, Шкендија 32, Силекс 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, АП Брера 20, Македонија ЃП 18, Воска 17, Брегалница 17, Вардар 14. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан