• понеделник, 23 декември 2024

Јовиќ останува во Милан

Јовиќ останува во Милан

 

Милано, 15 јуни 2024 (МИА) – Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе остане во редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, објави денеска шпанскиот новинар Матео Морето.

Дваесетишестгодишниот Јовиќ се договори за продолжување на соработката и за претстојната сезоната 2024/25.

Јовиќ беше меѓу играчите на Милан чија иднина во тимот беше нејасна.

Српскиот репрезентативец дојде во Милан минатото лето без обесштетување од Фиорентина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан