• петок, 22 ноември 2024

Шефот на Хамас го повика Блинкен да дејствува за да се стави крај на војната во Газа

Шефот на Хамас го повика Блинкен да дејствува за да се стави крај на војната во Газа

Доха, 6 јануари 2024 (МИА) - Шефот на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије го повика американскиот државен секретар Ентони Блинкен да дејствува за ставање крај на војната во Појасот Газа.

-Се надеваме дека овој пат Блинкен ќе се фокусира на ставање крај на агресијата со цел да се стави крај на окупацијата на целата палестинска територија. Се надеваме дека Блинкен успеа да научи од последните три месеци, вклучително и степенот на грешките што ги направи САД со нивната слепа поддршка за Израел. Крвта пролеана во масовните убиства и ужасните уништувања не може да донесе безбедност и стабилност додека палестинскиот народ не ја постигне својата слобода и не добие независна суверена држава со Ерусалим како главен град, рече Ханије во видеото објавено од неговата канцеларија.

Блинкен утре ја започнува својата блискоисточна турнеја, четврта од почетокот на војната во Појасот Газа. Прво ќе биде во Доха, а потоа ќе оди во Аман. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан