Шефот на перуанскиот криминален клан Џанфранко Торес-Наваро уапсен во САД
- Водачот на перуанскиот криминален клан Џанфранко Торес-Наваро е уапсен во Њујорк и е екстрадиран во Перу, објави американската Служба за имиграција и царина.

Њујорк, 16 август 2024 (МИА) - Водачот на перуанскиот криминален клан Џанфранко Торес-Наваро е уапсен во Њујорк и е екстрадиран во Перу, објави американската Служба за имиграција и царина.
Според извештаите, службениците за имиграција го уапсиле Торес-Наваро во средата и тој бил префрлен во федерален затвор во Батавија, Њујорк.
Теренската канцеларија на Службата во Бафало, Њујорк минатиот месец беше известена дека Торес-Навара (38) се бара во Перу, пренесуваат британските медиуми.
Торес-Наваро влезе во САД во Тексас на 16 мај, каде што беше приведен и му беше доставено известување да се појави на сослушување за имиграција. Тој побегнал во САД откако наводно убил пензиониран полицаец во Перу, објавија перуанските медиуми. мс/
фото: МИА архива