Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток
- Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток.
Абу Даби, 20 март 2026 (МИА) - Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток.
Полицијата го објави соопштението на социјалната мрежа „Икс“ откако земјите од Заливот ги зајакнаа контролите на местата поврзани со иранските напади.
Приведените се од различни националности, наведува полицијата. рп/
Фото: МИА архива