• четврток, 26 март 2026

Во Шкотска уапсени две лица поради провалување во база на Воената морнарица каде се чува нуклеарно оружје

Во Шкотска уапсени две лица поради провалување во база на Воената морнарица каде се чува нуклеарно оружје

Лондон, 20 март 2026 (МИА) - Две лица се уапсени во Шкотска откако се обиделе да влезат во база на Воената морнарица каде што се складира нуклеарно оружје.

Полицијата соопшти дека 31-годишна жена и 34-годишен маж се обиделе да влезат во базата Клајд во Хеленсбург во четвртокот попладне. Таа база, позната и како Фаслејн, е една од трите бази на Кралската морнарица во кои се сместени и подморници што носат нуклеарно оружје.

Уапсениот маж, според британски медиуми, е ирански државјанин.

Кралската морнарица го потврди апсењето. зш/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан