• понеделник, 20 мај 2024

Шефот на Банката на Франција нападнат со чекан во Базел

Шефот на Банката на Франција нападнат со чекан во Базел
Париз, 28 септември 2022 (МИА) - Гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилеруа де Гало, бил нападнат со чекан во швајцарскиот град Базел кон крајот на јуни, објави денеска швајцарски весник. Француската централна банка потврди за француски медиуми дека се случил „изолиран инцидент“, но „без никакви последици“. Се наведува дека шефот на банката не е повреден. Весникот Tribune de Geneve објави дека нападот се случил на 26 јуни во близина на седиштето на Банката за меѓународни порамнувања во Базел. Вилеру де Гало (63) претседава со одборот на БИС - институцијата која се смета за централа на централните банки. Нападот се случил на кратко растојание помеѓу БИС и железничката станица на пограничниот град. паг/
 

Остани поврзан