• петок, 22 ноември 2024

Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица

Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица

Москва, 20 мај 2024 (МИА) - Русија погоди одморалиште во близина на Харков и ги нападна околните села, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе се повредени.

Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во Украина во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана во Киев за да го заштитат Харков и другите градови.

„Светот може да го запре рускиот терор, а за да се направи тоа, мора да се надмине недостигот на политичка волја меѓу лидерите“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Два 'Патриота' за Харков можат да направат темелна разлика. Системите за противвоздушна одбрана за другите градови и дополнителната поддршка за војниците на фронтот ќе го осигураат поразот на Русија, додаде Зеленски. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан