Шведскиот илустратор Емил Максен ќе промовира книга во Кавадарци
- Шведскиот илустратор на детски книги Емил Максен, денеска во општинската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, ќе присуствува на промоцијата на книгата „Големиот банкет“ чиј автор на текстот е Сара Бергмарк Елфгрен, a Максен е автор на извонредните и богати илустрации. На промоцијата се очекува да бидат присутни деца од училишна возраст, а ќе биде организирана и мала работилница, каде што илустраторот на децата ќе им презентира како се илустрираат книги, стрипови и списанија.
Кавадарци, 4 декември 2024 (МИА) - Шведскиот илустратор на детски книги Емил Максен, денеска во општинската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, ќе присуствува на промоцијата на книгата „Големиот банкет“ чиј автор на текстот е Сара Бергмарк Елфгрен, a Максен е автор на извонредните и богати илустрации. На промоцијата се очекува да бидат присутни деца од училишна возраст, а ќе биде организирана и мала работилница, каде што илустраторот на децата ќе им презентира како се илустрираат книги, стрипови и списанија.
- Книгата „Големиот банкет“ е авантуристичка, на моменти страшна приказна, за неумереното јадење и пиење, а од шведски на македонски ја преведе Ивица Челиковиќ. Главните ликови Амунд и Отилиа ќе бидат вовлечени во опасна и страшна авантура со вообразените војводи, итри мопсови, застрашувачи ѕверови и гнасни чудовишта, соопштуваат од „Бата прес“.
Објавувањето на делото го поддржаа Европската унија и Министерството за култура, во рамките не проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ во изминативе две години објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.
Емил Максен, е роден во 1989 година. Тој е илустратор, писател и стрип уметник. Во 2019 година ја доби шведската награда Алберт Енгстрем за млади илустратори, а во 2021 година беше во потесен избор за наградата за цртежи на Урхунден. дма/лв/
Фото: „Бата прес“