Премиера на филмот „Сите го викаат Реџо“ на 23 јануари во Синеплекс
- Во киното „Синеплекс“ во Скопје на 23 јануари премиерно ќе биде прикажан филмот „Сите го викаат Реџо“. Станува збор за најновиот проект на режисерот Ибер Деари, по сценарио на самиот Деари, во соработка со Артин Селмани.
Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Во киното „Синеплекс“ во Скопје на 23 јануари премиерно ќе биде прикажан филмот „Сите го викаат Реџо“. Станува збор за најновиот проект на режисерот Ибер Деари, по сценарио на самиот Деари, во соработка со Артин Селмани.
Настанот на филмот се одвива во селото Слупкове, фиктивно село, каде темата на филмот се фокусира на феноменот на миграција, што предизвикало испразнување на селото од каде многу млади луѓе заминале од земјата.
Како што изјави режисерот Ибер Деари, „Сите го викаат Реџо“ го прикажува осамениот живот на еден работник кој нема каде да побегне од работа, во едно село од каде што сите си заминале.
-Филмот има социјална и многу актуелна тема, сите млади и работници од селото заминале во западните земји, единствениот човек кој работи во тоа село е Реџо и сите го викаат него. Поради ова главниот лик на филмот се чувствува тажен и безнадежен. Реџо останува и станува срцето на Слупково, рече Деари.
Како што се вели во соопштението за филмот, оваа комедија-драма не води на бурно патување низ урнебесните несреќи на селскиот херој. Реџо, занаетчија со златно срце, прифаќа чудни задачи за да го одржи местото во живот. Од поправање цевки што прокиснуваат до чување на непослушните добиток, неговите антуристички, смели или ризични подвизи внесуваат хаос и смеа во животите на ексцентричните жители на Слупково. Но, вистинската пресметка доаѓа кога Реџо ќе ги вкрсти патиштата со Мифтар, жедниот за моќ предизвикувачот на проблеми.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија со продукцијата на Сашо Павловски, а музиката е на Дарко Спасовски. Во него играат познатите албански актери Африм Мучај, Адријана Матоши, Ледион Мулаку, Адем Карага, Бујар Ахмети и други. Филмот исто така премиерно ќе биде прикажан и во Приштина и Тирана. бт/ац/
Фото: плакат