• среда, 24 април 2024

Шаќири и Мерко на увид на градежните активности во ОУ „Браќа Миладиновци“

Шаќири и Мерко на увид на градежните активности во ОУ „Браќа Миладиновци“

Струга, 31 март 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска извршија увид во градежните активности во основното училиште „Браќа Миладиновци“, а го посетија и училиштето во селото Враништа, соопшти општинската прес-служба.

За реконструкција на ОУ „Браќа Миладиновци“ ресорното Министерство издвоило 35,1 милион денари, за градежни и реконструктивни зафати.

- После подолго време во основоното училиште ќе се реконструираат фасадата и подовите, а предвидено е целосно внатрешно реновирање на објектот. Подобрувањето на условите за настава е еден од нашите приоритети, како услов за поквалитетна настава, информира Министерството за образование и наука.

Посетата на струшките училишта министерот Шаќири ја искористил и за средба со директорите, со цел директно да се запознае со одвивањето на наставата и предизвиците со кои се соочуваат. сс/дма/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан