• сабота, 18 мај 2024

Шанкуле победничката на мундијалскиот маратон во Будимпешта

Шанкуле победничката на мундијалскиот маратон во Будимпешта

Будимпешта, 26 август 2023 (МИА) – Амане Берисо Шанкуле од Етиопија го освои златниот медал на женскиот маратон претпладнево на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта.

 

Шанкуле го оствари својот најдобар сезонски резултат – 2 часа 24 минути и 23 секунди.

 

Нејзината сонародничка Готутом Гебресласе заврши на 2. место со 11 секунди заостанување зад победничката.

 

На третото место маратонот го заврши Мароканката Фатима Езахра Гардади со време 2:25.17.

 

Единствената Македонка на ова Светско првенство, Адријана Поп Арсова, не го заврши маратонот. зс/

 

Фото:  ЕПА

Остани поврзан