Чешкиот премиер се заложи за брза евроинтеграција на земјите од Западен Балкан
- Чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека се согласува со австриските власти дека Европската Унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан.
Прага, 4 декември 2023 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека се согласува со австриските власти дека Европската Унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан.
Тој истакна дека земјите од Западен Балкан долго чекаат на интеграција во ЕУ, пренесува весникот „Чешке новине“.
- Во интерес на Европа, но и во наш интерес е да продолжиме со ова прашање, рече Фијала за време на посетата на Виена, по разговорот со австрискиот канцелар Карл Нехамер. ссм/
фото: архива