• петок, 17 мај 2024

Четири лица убиени во напад со израелски дрон во Либан

Четири лица убиени во напад со израелски дрон во Либан

Бејрут, 9 мај 2024 (МИА) – Четири лица загинаа денеска во напад на израелски дрон врз возило во јужен Либан, соопшти либанската цивилна одбрана, а безбедносни извори наведоа дека станува збор за членови на екстремистичкиот Хезболах.

Оваа проиранска шиитска организација почна да ги напаѓа израелските воени позиции долж границата меѓу Либан и Израел еден ден по почетокот на војната меѓу израелската армија и палестинската терористичка организација Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш во Либан се убиени повеќе од 350 луѓе, од кои 275 се членови на Хезболах и повеќе од 70 цивили.

Во Израел загинаа 15 војници и десет цивили.

Странски претставници го посетуваат Либан во обид да помогнат во намалувањето на тензиите на границата, но Хезболах постојано повторува дека нема да престане да се бори додека не се воспостави прекин на огнот во војната во Газа. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан