• понеделник, 13 мај 2024

Четириесет крвни единици обезбедени во кавадаречката полиција 

Четириесет крвни единици обезбедени во кавадаречката полиција 

Кавадарци, 12 март 2024 (МИА) - Четириесет крвни единици се обезбедени во доброволна крводарителска акција во просториите на кавадаречката полиција. Акцијата беше во организација на Црвен крст од овој град во соработка со ОВР Кавадарци, а ја реализираше екипа на ИТМ Скопје. 

- Големо браво и респект за припадниците на полицијата, Црвениот крст и екипата на ИТМ Скопје. Дарувањето крв, значи спасување нечиј живот. Благодарност и до Институтот за трансфузиона медицина Скопје, рече Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст. 

Каракулев, потсети за МИА, дека лани обезбедија 2.676 единици крв во повеќе доброволни акции за крводарување. 

-Минатата 2023 година ја завршивме со 2.676 крвни единици, а на годишниот план имаше предвидено 1.188 крвни единици. Со оваа реализирана бројка Црвен крст Кавадарци се најде помеѓу првите три општински ораганизации во 2023 година по бројот на реализирани единици, рече Каракулев, изразувајќи благодарност до сите крводарители од кавадаречка и росоманска општина.

Тој се осврна и на бројните други успешни проекти, меѓу кои секако и тие, што ги вклучуваат младите волонтери  хуманитарци.  

- Минатата година во изработка на проекти за промоција на хумани вредности од страна на млади волонтери, го освоивме првото место во државата. Од вкупно 155 проекти, нашите млади изработија седум, оценети со највисоки оценки. Во активностите беа вклучени 40 ученици, под менторство на Даниела Лазовска од Црвениот крст, појасни Каракулев. свд/ев/

Фото: Црвен крст Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан