• петок, 22 ноември 2024

Честитка на Агелер по повод 8 Септември: Како и нашата независност, и вашата беше тешко здобиена со безброј жртви

Честитка на Агелер по повод 8 Септември: Како и нашата независност, и вашата беше тешко здобиена со безброј жртви

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер упати честитка по повод Денот на независноста на земјава - 8 Септември. 

Во видео обраќањето кое го објави Амбасадата на САД во Скопје, Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на Северна Македонија и на сите вас во прославата на вашата независност и вашите динамични и разновидни заедници“. 

– Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена, со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата. Денес и секогаш, ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и светла иднина, рече Агелер. ра/аа/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан