• недела, 19 мај 2024

Челзи сака да го ангажира Кејн на лето

Челзи сака да го ангажира Кејн на лето

Лондон, 20 февруари 2024 (МИА) - Челзи има намера да го придобие напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ова лето.

Според „Football.London“, шансите англискиот напаѓач да го напушти клубот од Минхен ќе се зголемат доколку тимот не успее да освои ниту еден трофеј.

Кејн му се приклучи на Баерн од Тотенхем во август 2023 година за 95 милиони евра. Во составот на тимот од Минхен, Англичанецот одигра 30 натпревари, на кои постигна 29 гола и креира осум асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на 30-годишниот фудбалер на 110 милиони евра. 

Договорот на играчот со германскиот клуб е до крајот на јуни 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан