• петок, 10 мај 2024

ЦУК: Опасност од мост надвозник кај Визбегово, Скопско (видео)

ЦУК: Опасност од мост надвозник кај Визбегово, Скопско (видео)
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи соопшти дека можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него. -Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112, се наведува во соопштението од ЦУК. ев/

Остани поврзан