• среда, 10 јули 2024

„Цртање на асфалт“ во Детски културен центар Карпош

„Цртање на асфалт“ во Детски културен центар Карпош

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - ЈУ Детски културен центар (ДКЦ) - Карпош традиционално и оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Цртање на асфалт“ која се одржува по повод 24 Мај, Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј.

Манифестацијата ќе се одржи во Детски културен центар Карпош под мотото „Ја учам азбуката, моите први букви“, а ќе учествуваат предшколските установи од Скопје. 

ДКЦ „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја) и пригодна програма за учесниците. мч/мд/

фото: ЈУ Детски културен центар „Карпош“

Остани поврзан