• петок, 05 декември 2025

Црвен крст - Кавадарци ја одбележа Неделата на млади 

Црвен крст - Кавадарци ја одбележа Неделата на млади 

Кавадарци, 8 октомври 2025 (МИА) - Црвен крст - Кавадарци ја одбележа Неделата на млади, под мотото „Биди промената што сакаш да ја видиш“, реализирани беа бројни активности со цел подигнување на свеста за значењето на волонтерството и привлекување нови волонтери кои ќе придонесат за подобар живот за сите, информираше денеска Даниела Лазовска, секретар во Црвен крст - Кавадарци. 

- Во текот на првата седмица од месец октомври,  ЦКРСМ традиционално ја одбележува Неделата на млади. Оваа година, одбележувањето беше насочено кон активности за зајакнување, вмрежување и регрутирање на нови волонтери во клубовите на млади и училишните клубови. За таа цел, волонтерите од клубот на млади на ООЦК - Кавадарци одржаа работилници во нивните училишта пред нивните соученици, при што ги воведоа во основните активности на Црвениот крст од самото основање, па до денес и преку нивни лични искуства, им ги доловија сите нивни досегашни активности. Учениците внимателно ги следеа нивните презентации и дел од нив веќе станаа наши волонтери, соопшти Лазовска. 

Во името на ООЦК - Кавадарци, таа упати голема благодарност до сите млади волонтери, до нивните родители и до директорите и целиот наставен кадар од училиштата од каде што доаѓаат, за безрезервната подршка што ја даваат во Организацијата. 

Лазовска се осврна и на бројните проекти на младите волонтери од хуманитарен карактер, кои преку најразлични активности организираат акции за собирање на финансиски средства, со што се помага на лица во социјален ризик. свд/бд/

Фото: Црвен крст - Кавадарци 

Остани поврзан