• недела, 19 мај 2024

Централна банка на Германија предупредува голем пад на економијата

Централна банка на Германија предупредува голем пад на економијата
Берлин, 22 март 2021 (МИА) - Германската економија најверојатно ќе забележи пад во првиот квартал поради мерките за ограничување на пандемијата, што сериозно вршат притисок врз услужниот сектор и ја забавуваат силната активност во градежништвото, соопшти денеска Централната банка на Германија . - Економската активност, најверојатно, нагло ќе падне во првиот квартал од 2021 година... посебни во услужниот сектор, чиј бизнис се потпира на директен контакт со клиенти, се наведува во соопштението на Централната банка на Германија. Под такви услови, продажбата на мало нагло падна, а дополнителна кочница беше стапката на повисок данок на додадена вредност (ДДВ), што веројатно придонесе за значителен пад на градежната активност во јануари, додаваат тие. Владата минатата година накратко ги намали стапките на ДДВ. Индустриското производство исто така забави, посочуваат тие, а меѓу позитивните вести го посочуваат силниот прилив на нарачки и растот на извозот на стоки. Исклучок, сепак, беше германскиот извоз на стоки во Велика Британија, кој потона за дури 25 проценти во јануари, првиот месец по излегувањето од Европска Унија. Во извештајот од минатиот месец, Централната банка прогнозира закрепнување на економијата оваа пролет благодарение на падот на бројот на новозаразени и вакцинацијата на граѓаните. Во последниот месечен извештај не се споменува вакцинацијата бидејќи доцни испораката на вакцини. ми/

Остани поврзан