• сабота, 16 ноември 2024

Хуманитарна акција во Охрид по повод Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта

Хуманитарна акција во Охрид по повод Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта

Охрид, 15 октомври 2024 (МИА) – Под мотото „Помислете и на нас“ е насловот на кампањата што Општинската организација на Црвениот крст од Охрид ќе ја спроведува по повод меѓународниот Ден на борба протв гладта и Неделата на борба против гладта, со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми и други субјекти активно да учествуваат во хуманитарната акција.

„Оваа година Меѓународниот ден на борба против гладта 16 Октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 Октомври) ќе го одбележиме со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври во поголемите градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да стават-донираат основни прехрамбени производи“, велат од организацијата.

Од донираните средства и собраните намирници во кампањата, посочуваат, ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

„Упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца“, додаваат од охридскиот Црвен крст. аб/са/

Фото:плакат

 

 

Остани поврзан