Хуманитарен настан на Црвниот крст за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
- Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија.

Скопје, 20 март 2023 (МИА) – По повод 78 години од своето формирање, Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија.
На настанот е предвидено обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, на турскиот амбасадор во нашата држава Хасан Мехмет Секизќок, како и на генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.
Целта на настанот е да се заокружат активностите за помош и поддршка на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија и за таа цел ќе биде организирана хуманитарна акција. ир/вг/
Фото: Црвен крст