• понеделник, 08 јули 2024

ХРВ регистрира злоставување на мигрантите во Саудиска Арабија

ХРВ регистрира злоставување на мигрантите во Саудиска Арабија
Њујорк, 16 декември 2020 (МИА) - Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watchu) соопшти дека Саудиска Арабија во држи стотици мигранти во притвор во многу лоши услови. Мигрантите, најголемиот број од Етиопија, но и од другите африкански или азиски држави, додека чекаат на депортација се во притвор, каде според нивни искази биле измачувани или претепани, што довело до најмалку три обвиненија за смрт во притвор во периодот октомври - ноември. ХРВ минатиот месец разговараше со седум притворени државјани на Етиопија и двајца Индијци, кои неодамна биле депортирани од Саудиска Арабија. Тие тврдат дека престојувале во мали соби со други 350 луѓе во притворскиот центар. Поради пренатрупаноста дел од притворениците спиеле дење, а дел ноќе. Двајца од нив изјавиле дека во притвор биле повеќе од една година. ми/

Остани поврзан