• сабота, 21 декември 2024

Први излезни анкети од изборите во Франција

Први излезни анкети од изборите во Франција

Париз, 7 јули 2024 (МИА) – Според првите излезни анкети од денешниот втор круг од парламентарните избори во Франција, Лево-зелена коалиција освоила од 172 до 192 пратенички места, Емануел Макрон и сојузниците 150 до 170 места, Националениот собир на Марин Ле Пен од 132-152 места.

Француските гласачи во голем број излегоа на денешниот втор круг од парламентарните избори, на кој се очекува победа на екстремно десничарскиот Национален собир (РН).

Излезноста до 17 часот беше 59,71 отсто наспроти 38,11 отсто во исто време на последните избори во 2022 година, соопшти француското МВР.

Ова е најголема излезност од 1981 година, што укажува на огромниот интерес за изборите во време на голема поларизација на француското општество.

Во првиот круг од изборите најмногу гласови доби антиимиграциската РН со една третина од гласовите, а на второ место се најде Новиот народен фронт (НФП). Аналитичарите ги прогласуваат и двете групи за екстремни, од десниот и левиот спектар, што тие го отфрлаат. Центристичката коалиција на претседателот Емануел Макрон заврши на третото место.

Гласањето во помалите градови завршува во 18 часот, а во поголемите во 20 часот. Првите проекции на резултатите ќе бидат објавени во 20 часот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан