• недела, 24 ноември 2024

Хрватска поддржа формирање на суд за злосторствата од руската агресија врз Украина

Хрватска поддржа формирање на суд за злосторствата од руската агресија врз Украина

Загреб, 21 ноември 2024 (МИА) – Владата на Хрватска денеска го прифати нацртот на Виенската декларација, документ за формирање на специјален суд за злосторствата извршени за време на руската агресија врз Украина.

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман потсети дека на крајот на 2022 година беше формирана група на држави со задача да изнајдат можни опции за обезбедување одговорност за злосторствата од агресија врз Украина.

Тоа беше направено затоа што Меѓународниот кривичен суд нема јурисдикција за руската агресија бидејќи Русија и Украина не се потписнички на Римскиот статут, што е предуслов за остварување на јурисдикцијата на МКС.

На состанокот во септември во Виена, членовите на основната група, вклучително и Хрватска, постигнаа договор за генералниот концепт за формирање на специјален суд за руска агресија врз Украина. Средбата беше клучна за утврдување на моделот на суд што ќе се формира со договор со Советот на Европа.

Основната група во моментов има 41 земја учесничка, а во неа учествуваат и ЕУ, НАТО и Советот на Европа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан