• понеделник, 20 мај 2024

Холидеј четврти играч во историјата на НБА со договор од 100 милиони долари на 33-годишна возраст

Холидеј четврти играч во историјата на НБА со договор од 100 милиони долари на 33-годишна возраст

Бостон, 11 април 2024 (МИА) – Плејмејкерот Џру Холидеј ќе потпише нов договор со Бостон селтикс. Договорот ќе биде со важност на четири години, во кои 33-годишниот Американец ќе заработи 135 милиони долари.

Холидеј стана четвртиот играч во историјата на НБА со договор од 100 милиони долари на возраст над 33 години. 

Пред Холидеј тоа им успеа на Леброн Џејмс, Стивен Кари и Ал Хорфорд.

Сезонава Холидеј одигра 68 натпревари во НБА, со просек од 12,5 поени, 5,4 скока и 4,9 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан