• недела, 29 септември 2024

ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ ќе помага во финансирањето на образовни асистенти во Гостивар

ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ ќе помага во финансирањето на образовни асистенти во Гостивар

Гостивар, 16 септември 2024 (МИА) – Хуманитарно здружение и општина Гостивар склучија меморандум за соработка во сферата на подобра интеграција на децата со попреченост во образовниот процес, социјалниот живот и општеството. На иницијатива на хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ Гостивар во соработка со локалната самоуправа и оваа година за финансирање на тројца образовни асистенти за децата запишани во средно училиште.

Од здружението на средбата со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани се обврза да учествува во финансирањето на личните образовни асистенти и за секој асистент поединечно да уплаќа по 3.000 денари месечно, а општината се обврза да исплаќа по 18.000 денари за секој асистент поединечно, во период за учебната 2024/2025 година.

Од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“ наведуваат дека ќе продолжат со грижа за сите ранливи категории и ќе влијае на подигање на свеста кај останатите општествено одговорни граѓани, преку вакви и слични активности.

- Јакнењето на социјалната кохезија помеѓу луѓето, прифаќањето на различностите и инклузијата на сите, а особено на децата и лицата со попреченост во општеството и сите сфери на општественото живеење е основна компонента за едно одржливо општество, рекоа здружението.

Освен поддршката за асистентите, во наредниов период ќе се организира Панел дискусија со стручни лица за развивање на свеста на родителите/ старателите на деца со попреченост за важноста, континуирана поддршка на родителите/старателите на деца со попреченост, но и на самите деца во процесот на нивна инклузија во општеството.

Соработката на Здружението и општина Гостивар на ова поле започна мината година со слична поддршка. згм/дма/


фото: ХЗГ Трајче Нешковски

Остани поврзан