• сабота, 25 мај 2024

Хенри Кавил ќе стане татко

Хенри Кавил ќе стане татко

Лос Анџелес, 16 април 2024 (МИА) - Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавијја на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан