Хезболах тврди дека гранатирал израелски касарни во северниот дел
- Либански Хезболах соопшти дека денеска истрелал ракети врз две воени позиции во северен Израел, во момент кога израелската војска соопшти дека извршува нови напади врз цели на Хезболах.
Бејрут, 21 септември 2024 (МИА) - Либански Хезболах соопшти дека денеска истрелал ракети врз две воени позиции во северен Израел, во момент кога израелската војска соопшти дека извршува нови напади врз цели на Хезболах.
Во одделни изјави, групата поддржана од Иран рече дека истрелала „ракети Катјуша“ врз две касарни „како одговор“ на израелските напади „на јужни села и цивилни куќи“.
Западни медиуми јавија за силни израелски напади во неколку области на јужен Либан. зш/