• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Снег ја затрупа Јужноафриканската Република, во некои области наноси високи два метра

Снег ја затрупа Јужноафриканската Република, во некои области наноси високи два метра

Јоханесбург, 21 септември 2024 (МИА) -  Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата.

Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво.

Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, неколку делници се целосно непроодни, а дури и обиколните патишта се покриени со снег. зш/

Остани поврзан