• недела, 22 декември 2024

Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет

Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) – По одлуката на Уставен суд за замрзнување на „балансерот“, функционерите на власта ги споделија своите ставови. Генералниот заклучок е дека ова е алатка која била злоупотребувана, а вработувањата треба да се базираат на квалитет. Тие најавија дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата.

Според мандатарот Христијан Мицкоски, одлуките на Уставен суд не треба да се коментираат. Првиот вицепремиер, Изет Меџити, смета дека балансерот е девалвиран и дека вработувањата треба да се базираат на квалитет. Министерот за здравство Арбен Таравари ја окарактеризира одлуката на Уставниот суд како избрзана, додека, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави, истакнувајќи дека балансерот се злоупотребувал со години.

На прашање за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“, премиерот Мицкоски вчера изјави дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

- Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави тој.

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „ние сме го збореле во минатото“.

- Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски, кој вчера присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Одлуката, посочи Мицкоски, не е конечна, туку практично Уставен тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

Претходно,  премиерот изјави дека Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот кој е веќе направен.

- И ако тие велат дека треба да се укине, тогаш што ни преостанува тоа. Не ни преостанува ништо друго освен да работиме согласно препораките што доаѓаат од самата ЕУ. Тоа е резултат од скрининг процесот, рече Мицкоски, додавајќи дека земјава треба да напредува согласно компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност.

Според првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Тој посочи дека вработувањата на Албанци нема да престане, но ќе биде врз база на квалитет, а не на партиите.

Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските инте

Меџити, во гостување на ТВ21 за „балансерот“ во четвртокот изјави дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата.

- Без разлика на тоа како „балансерот“ е прикажан во системот, доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, изјави Меџити.

Тој, исто така, посочи дека во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци.

- Албанците не губат со укинувањето на „балансерот“, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања. Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот, изјави Меџити. 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја оцени одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ како избрзана. Според него, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории. Законот, како што рече, треба да се синхронизира со партнерите од коалицијата и да се пушти во Парламентот.

- Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонската амбасадаа и УК за детски болести.

Посочи дека останува на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време, како што рече, беше доста злоупотребена. 

- Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа. И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.

Во однос на реакциите од албанската опозиција, Таравари рече дека Али Ахмети 22 години бил на власт и сите проблеми што го имаме, како што рече, се последица на нивното неодговорно владеење.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вчера изјави дека Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“. На втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово, тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.

- Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби кои со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам, изјави Минчев.

Во однос на законските решенија, министерот Минчев рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ново и какво ќе биде законското решение, ќе се чека на конечната одлука на Уставниот суд.

- Што се однесува до законските решенија јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение секако би ја причекал и секако Министерството за јавна администрација конечната одлука на Уставниот суд во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение коешто патем мора да кажам дека е уставна категорија, изјави министерот за јавна администрација.

Одговарајќи на новинарски прашања, Минчев кажа дека осудува какви било протести и дека во рамки на владината коалиција ќе има отворена дебата. Како Влада додаде, се залагаат за сеопфатна реформа на администрација која треба да се базира на професионалност, стручност, квалитет и знаења.

- Законот не е во подготовка, Министерството за јавна администрација е носител на овие две законски решенија јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на „балансерот“ ги осудувам затоа што сметаме дека сите заедно дека приоритет и во општеството и во државата и сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме подготвени за таков исчекор е да направиме една сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаења, квалитет, стручност односно на професионалниот, само така можеме како држава да одиме напред. Јас досега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава практично за постоење на една држава и на една нација, кажа Минчев.

Уставниот суд на 18.месецов донесе  времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат. ар/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан